Блинкен: Вратата е отворена за Нов Зеланд да се вклучи во АУКУС

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека „вратата е отворена“ за Нов Зеланд да се приклучи на договорот за развој и набавка на воено оружје АУКУС, што го склучија Австралија, Велика Британија и САД.

– Вратата е отворена за Нов Зеланд и другите партнери, кои можат да се вклучат кога мислат дека е добро време. Долго соработувавме во најважните прашања за националната безбедност. И додека продолжуваме да го развиваме АУКУС, вратата е отворена за каков било ангажман, изјави Блинкен на прес-конференција во Велингтон.

Блинкен на Нов Зеланд се сретна со премиерот Крис Хипкинс и министерката за надворешни работи Нанаија Махута, а денеска ќе отпатува за Австралија каде треба да почнат најголемите австралиско-американски воени вежби.

– Нов Зеланд е подготвен за разговори за втората фаза од договорот АУКУС, фокусиран на воената технологија, но Нов Зеланд не е подготвен да направи компромиси и да отстапи од ставот дека останува земја без нуклеарно оружје, посочи Махута.

САД и Нов Зеланд се блиски стратешки партнери, иако нивниот сојуз беше суспендиран во 80-тите од минатиот век, кога Нов Зеланд го забрани пристигнувањето на американски воени бродови со нуклеарно вооружување или нуклеарен погон. Нивните односи се подобрија во текот на изминатите неколку години благодарение на заедничката загриженост за присуството на Кина во Пацификот. 

Треба да знаете
Последни објави