На 26.07.2023 во 13.50 часот, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Ѓ.П.(54) од село Ореше, општина Чашка, И.М.(47) од Струмица, Х.М.(37) од Кочани и Р.Г.(46) од село Богомила, општина Чашка.
По претходни сознанија и преземени мерки и активности, полициски службеници извршиле преглед во патничките возила „рено сеник” со кочански регистарски ознаки, управувано од Х.М. и „фолксваген голф” со велешки регистарски, управувано од Ѓ.П., а во кои се превезувале и другите лица. Притоа, во возилото „рено” биле пронајдени околу два килограми марихуана.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.