Бектеши: Сите граѓани треба да плаќаат струја колку што потрошиле, надлежните институции да постапат во решавање на проблемот 

Министерството за економија ги повикува сите граѓани во државата редовно да си ги подмируваат обврските кои ги имаат кон енергетските компании.

Секој граѓанин кој се  снабдува со електрична енергија во државата има обврска да плати за електрична енергија толку колку што потрошил.

Министерството за економија согласно надлежностите кои произлегуваат од Законот за енергетика, креира клима со цел да се намалат загубите во пренос на електрична енергија како и неовластено користење на електрична енергија.

Затоа повикуваме дека секој граѓанин треба да плати за тоа што го потрошил бидејќи така функционира пазарната економија.Ги повикуваме сите надлежни институции да постапат согласно нивните надлежности и да се реши проблемот со снабдување со електрична енергија во Слупчане и околните села и да се овозможи работа на екипите на ЕВН Македонија.

Треба да знаете
Последни објави