Бугарин дојден на натпревар е прободен со нож во Чаир, во тешка состојба е пренесен во болница

Со нож бил прободен еден Бугарин во Чаир, во близина на Јахја-пашина џамија. Инцидентот се случил пред одржувањето на натпреварот Шкупи (Македонија) и Левски Софија (Бугарија). Од МВР велат дека тој има тешки повреди, но е во стабилна состојба.

„На 27.07.2023 во 18.38 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Цветан Димов“ физички биле нападнати Д.А. (29), Д.Ј.(28), Ф.Д.(31) и М.С.(30), сите од Република Бугарија, при што бил употребен и остар предмет, со кој бил повреден Д.А.. Тој бил пренесен во ГОБ „Св.Наум Охридски“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди, но според пријавеното од болницата, лицето е во стабилна состојба“, велат од МВР за „Макфакс“.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Не се знае дали станува за истите лица чии автомобили беа каменувани кога поминуваа низ Чаир.

Треба да знаете
Последни објави