Жители од Оризари насилно влегле во просториите на КЕЦ во Куманово, вработените од безбедносни причини ги напуштија работните места

Вработените на КЕЦ Куманово ги напуштија работните места од безбедносни причини и непостоење на услови за работа, информира преку соопштение ЕВН. 

Се до создавање на нормални услови за работа, Корисничкиот енерго центар на ЕВН – Куманово нема да работи, стои во кусото соопштение од ЕВН.

Жители на липковското село Оризари насилно влегле во просториите на подружницата на ЕВН во Куманово, потврдуваат од компанијата. Во подружницата веќе и пристигната и полицијата.

Жителите на Оризари бараат да им се вклучи струја, откако вчера останаа без неа откако несовесни жители на Слупчане ги искршија трансформатори во селото и предизвикаа голема хаварија, поради што без струја се шест села и ГП „Табановце“.

Инаку од вчера селата Слупчане и Оризари во општина Липково се без напојување со електрична енергија, поради тоа што жителите на Слупчане го блокираа патот во селото и не им дозволија на екипите на ЕВН да работат на мрежата.

Треба да знаете
Последни објави