Комерцијална банка за шест месеци со добивка од 33 милиони евра

Во првите шест месеци од годинава Комерцијална банка оствари добивка од 2.003,3 милиони денари (33 милиони евра) што е раст од 77,7% во однос на истиот период лани кога добивката изнесувала 1.131,9 милиони денари (18,4 милиони евра).

Вкупните приходи од работењето изнесуваат 3.300,3 милиони денари (53,6 милиони евра) и бележат зголемување од 32,0 % во однос на истиот период од минатата година.

Според објавените финансиски резултати на Македонската берза, нето-приходите од камати биле основна компонента во формирањето на вкупните приходи од работењето и истите забележале зголемување од  82,1 % во однос на истиот период од минатата година. Нето приходите од камати во овој период знесувале околу 39,2 милиони евра.  Во истиот период лани изнесувале 21,5 милиони евра. Најголемо влијание во зголемувањето на каматните приходи имал порастот на каматата од нерезиденти, финансиски друштва и држава.

Истовремено, нето приходите од провизии и надоместоци изнесуваат над 9 милиони евра и во однос на истиот период од минатата година бележат зголемување од 4,7 %. (З.П.)

Треба да знаете
Последни објави