Повеќе од 40 луѓе загинаа во Алжир, Италија и Грција, а илјадници се евакуирани бидејќи медитеранските пожари им се закануваат на селата и одморалиштата.
Тим на научници за климатизација – World Weather Attribution Group – изјави дека овој месец интензивниот топлотен бран во јужна Европа, Северна Америка и Кина би бил практично невозможен без климатските промени предизвикани од човекот.
Грција : Целиот остров Родос е во вонредна состојба, а пожари беснеат и на Крф, Евија и Халкидики. Сегашниот долг топлотен бран не покажува знаци на престанок – се очекува температурите да се искачат над 44 Целзиусови степени во делови од Грција.
Министерството за цивилна заштита во средата предупреди на „екстремна опасност“ од пожар во шест од 13 региони во земјата.

Двајца пилоти загинаа на островот Евија, северно од Атина, кога нивниот противпожарен авион се урна во провалија. На друго место на островот, јагленисано тело на маж беше пронајдено во оддалечена селска колиба.
На островот Родос, повеќе од 20.000 луѓе се евакуирани од своите домови и одморалишта на југот во последните денови. Претставник на аеродромот изјави за АФП дека повеќе од 5.000 туристи летале дома со повеќе од 40 итни летови меѓу неделата и вторникот.
Илјадници луѓе се евакуирани и во Евија и Крф, додека Крит – уште една голема дестинација за одмор – е во состојба на готовност.
Италија : Пожарите во Сицилија и Пуља принудија илјадници луѓе да избегаат. Поради силните ветрови и сувата вегетација, пожарникарите мака мачат да изградат противпожарни бариери во многу области.
Брачна двојка на 70-годишна возраст е пронајдена мртва во изгорена викендичка во близина на Палермо, откако пожарот се приближил до границата на градскиот аеродром. Во близина на градот загинала и 88-годишна жена.
На копното, во Калабрија, источно од Сицилија, 98-годишен маж бил зафатен од пламен во неговиот дом, а неговата ќерка и зет се здобиле со изгореници додека се обидувале да го спасат.
Шумскиот пожар во регионот Фоџа, на италијанскиот брег на Јадранот, принуди евакуација на 2.000 луѓе од хотели и кампови. Пожарот се приближил до Виесте од блискиот национален парк.
Алжир : Најголем број жртви досега се забележани во Алжир, каде 34 жртви вклучија 10 војници кои беа зафатени од пламен за време на евакуација во крајбрежната провинција Беџаја, источно од главниот град на Алжир. Беџаја е најтешко погодената област каде што загинаа 23 лица, според локалните медиуми.

Алжирските власти соопштија дека 80 отсто од пожарите се изгаснати од неделата, но големите напори продолжуваат, во кои се вклучени околу 8.000 луѓе, стотици противпожарни возила и авиони.
Тунис: Пожари беснеат и во соседен Тунис, каде што 300 луѓе мораа да бидат евакуирани од крајбрежното село Мелула.
Португалија : Португалија не се спаси од топлотниот бран неповредена, а повеќе од 600 пожарникари беа ангажирани во вторникот да се обидат да го изгаснат пожарот во националниот парк во Каскаис, во близина на главниот град Лисабон.
Хрватска : Најмалку 130 пожарникари работеа на локализирање на пожарот во близина на Дубровник во јужна Хрватска, а канадери беа употребени за да се спречи шумскиот пожар што избувна низ целиот регион во понеделникот.
Локалните медиуми јавија дека како последица на пожарот експлодирале неетонирани нагазни мини.
Франција : Пожари избувнаа и на францускиот медитерански остров Корзика во средата во раните утрински часови. Налетите на ветерот до 130 км/ч го предизвикаа пожарот, а три села беа загрозени неколку часа.