Се запали руски хеликоптер во Сибир, има шест загинати и седум повредени

Шест лица загинаа при пад на хеликоптер Ми-8 во селото Тунгур на планините Алтај во Сибир, соопшти „РИА Новости“

„Хеликоптерот се запали при слетување во Тунгур во Република Алтај. Според прелиминарните податоци шест лица загинаа, а седум се повредени“, соопшти Министерството за вонредни состојби.

Според информациите на Министерството, приватниот Ми-8, како што се претпоставува, при приближувањето допрел електрична жица и се запалил.

Противпожарните и спасувачките единици се на терен.

Треба да знаете
Последни објави