Ракометниот клуб Скопје вчера ги започна подготовките за новата суперлигашка сезона. Новиот тренер Оливер Димитриоски на прозивката ги имаше на располагање речиси сите играчи од минатогодишниот состав, плус петте засилувања.
За Скопје од претходно потпишаа Давор Шокоски и Никола Стојановски кои доаѓаат од тимот на Прилеп, пивотот Кристијан Стојановски кој доаѓа од Македонија Ѓорче Петров, Петар Ферукоски кој се одлучи да го напушти матичниот клуб Струга, и најновата аквизација Димитар Ристовски кој доаѓа од минатогодишниот суперлигаш Јуниор Кисела Вода. По успешните настапи за клубот од Кисела Вода, Ристовски успеа да издејствува трансфер во Скопје, и во новата сезона да се натпреварува во највисок ранг.
Клубот го напушти српскиот интернационалец Никола Радовановиќ и искусниот кружен напаѓач Игор Трајковски.