Бурниот живот на ирската пејачка со избричена глава често се закануваше да ја засени нејзината музика.
Шинејд О’Конор гледаше на музиката како лек и бегство од мрачното детство.
Нејзиниот бунт беше поттикнат од голема доза на гнев поради тоа што била малтретирана како дете и сето она што го доживеала во институција во Даблин.
Музиката стана нејзиниот спас, пишува „Би-би-си“.
Таа прерасна во светски позната музичка ѕвезда, но и бунтовничка подготвена да носи контроверзни одлуки и не се грижи за нејзиниот имиџ.
Со детско лице и избричена глава, пејачката беше една од најпрепознатливите уметници во светот на поп музиката.
Шинејд Мари Бернадет О’Конор е родена на 8 декември 1966 година во Гленџери, богато предградие на Даблин. Таа е трето од петте деца на Шон О’Конор и неговата сопруга Мари. Тие се венчале многу млади, а нивниот бурен брак завршил кога Шинејд имала осум години.
Нејзиниот брат Џозеф еднаш рекол за мајка им дека е длабоко несреќна, вознемирена и склона кон физичко и психичко малтретирање на своите деца.
Шинејд ги наполни концертните сали, благодарение на успехот на нејзиниот прв албум
О’Конор во еден момент отишла да живее со нејзиниот татко, но честопати го прескокнувала училиштето поради кражби.
На крајот била сместена во институцијата Ен Гринен во Даблин, која некогаш била една од озлогласените домови, првично наменети како затвор за млади деликвентни девојчиња.
Една од игуманите сфатила дека оваа бунтовна тинејџерка може да се контролира само ако и’ купат гитара и организираат часови по музика.
Волонтерот во домот имал брат кој свирел во ирскиот бенд In Tua Nua.
Шинејд снимила песна со нив, но бендот проценил дека е премногу млада за да биде редовен член.
Републиканската политика
Кога имала 16 години, татко ѝ ја префрлил во интернат во Ватерфорд, каде што наставникот го препознал нејзиниот талент и и помогнал да сними демо-лента од две песни што самата ги напишала.
Откога се сретнала со продуцентот и композитор Колм Фарели, тие заедно со уште неколку музичари го основале бендот Ton Ton Macoute.
Бендот веднаш привлекол внимание и кога се преселиле во Даблин, Шинејд го напуштила училиштето и им се придружила.
Таа конечно се преселила во Лондон и нашла искусен менаџер кој претходно работел со групата U2.
Тој и дал на Шинајд насоки во однос на музиката, но исто така ја инспирирал со неговиот личен поглед на републиканската политика.
Таа предизвика бес со пофалби на Привремената ирска републиканска армија, иако подоцна се извини.
Како вечна бунтовничка, пејачката цврсто одбиваше да го промени нејзиниот панкерски изглед и да стане поженствена.
„Она што тие го опишуваа“, изјави подоцна О’Конор за Дејли Телеграф, „всушност беше нивна љубовница“.
„Тоа им го кажав, на што не се однесуваа љубезно“.
Таа се скара и со продуцентот кој го планираше нејзиниот прв албум.
По многу убедување, издавачката куќа и дозволи да биде продуцент.
Во тоа време таа веќе беше во седмиот месец од бременоста, со тапанарот со кој настапувала, Џон Рејнолдс, со кој подоцна се омажи.
Вториот албум и донесе Греми награда
Албумот „Лавот и кобрата“, издаден во 1987 година, молскавично одекна.
Имаше песни кои ќе станат препознатлив звук на О’Конор – хармонии и романтични нијанси доминирани од нејзиниот препознатлив глас.
Овој албум и донесе номинација за Греми за најдобра женска рок вокална изведба.
Синглот Мандинка постигна солиден успех во САД.
Таа ја избра песната да ја пее во „The Late Night Talk Show with David Letterman“, нејзиното прво телевизиско појавување во ударен термин.
Следниот албум беше уште поуспешен. Доби Греми награда.
На албумот I Do Not Want What I Haven’t Got се најде и легендарната песна Nothing Compares 2 U, напишана од музичарот Принс.
Овој хит го достигна врвот на топ листите во Велика Британија, Ирска и САД, благодарение на необичното видео, кое главно е крупен кадар на лицето на Шинејд додека пее.
Таа плачеше за време на снимањето на видеото.
Подоцна изјавила дека и било тешко да ја отпее песната бидејќи ја потсетувала на загубата на нејзината мајка, која загинала во сообраќајна несреќа во 1985 година.
Контроверзиите ја следеа каде и да се појави
Таа одби да настапи во концертна сала во Њу Џерси се додека не и ветија дека нема да ја свират американската химна пред настапот.
Салата не сакаше да го прифати барањето, па нејзините песни беа бојкотирани од многу радио станици во САД.
Искина фотографија од Папата
Неколку месеци по објавувањето на албумот I’m Not Your Girl, О’Конор ја отпеа песната на Боб Марли War (War) за време на гостувањето во емисијата Saturday Night Live на NBC.
Меѓутоа, таа смени одредени зборови од песната и ја претвори во порака против сексуалната злоупотреба на децата во Католичката црква.
Подоцна искина фотографија од папата Јован Павле Втори, по што Ен-Би-Си добил 4.000 поплаки, а Шинејд многу нејзини уништени записи.
На следниот настап свирежите биле толку гласни што таа не можела да пее.
На крајот на 1992 година се вратила во Даблин.
Нејзиниот четврти албум, Universal Mother, на кој некои песни беа напишани од Џермејн Грир и Курт Кобејн, не помина толку успешно како нејзината претходна работа.
Таа не издаде албум во следните шест години.
Шинејд О’Конор подоцна кажа и дека преминала во ислам.
По разводот, пејачката водеше долга битка за старателство со новинарот Џон Вотерс, татко на нејзиното второ дете, ќерката Рошин.
Поради прекумерен стрес, Шинајд имаше и неколку обиди за самоубиство.
Таа се врати во студиото во 2000 година и го сними албумот Faith and Courage.
Самата ги напиша речиси сите песни, но албумот не влезе во топ 20 на топ листите никаде во светот, освен во Австралија.
Нејзиниот втор брак со новинарот Ник Самерлед не траеше долго.
Таа го доби своето трето дете Шејн со музичарот Донал Луни.
Албумот Sean-Nos Nua, издаден во 2002 година, имаше обработки на традиционални ирски народни песни.
Една година подоцна, таа објави компилација од необјавени песни и демо снимки, пред да го објави своето повлекување од сцената.
Шинајд се бореше и со психички и со физички проблеми
Ѝ беше дијагностицирано биполарно растројство, а боледуваше и од фибромијалгија (широка болка во мускулите и коските).
Престојот во Јамајка го донесе нејзиниот седми албум Throw Down Your Arms, зачинет со реге звук, кој доби позитивни критики.
Своето четврто дете Јешуа Франсиса Бонадија го доби во 2006 година со нејзиниот тогашен партнер Френк Бонадија.
Следната година го издаде албумот Теологија, кој не се најде на топ листите.
Третиот брак и’ заврши за помалку од една година
Нејзината трета венчавка беше со долгогодишниот пријател Стив Куни во 2010 година, но бракот траеше помалку од една година.
Таа се врати на музичката сцена во 2012 година со албумот How About I Be Me, кој достигна петто место на топ листите во Ирска и 33 во Велика Британија.
Имаше јавна пресметка со пејачката Мајли Сајрус во 2013 година.
Шинејд на својата веб-страница објави текст во кој ја критикува Мајли за претерано сексуални видеа.
Како одговор, Сајрус ја нарече Шинејд „луда“.
Во нејзиниот врв, таа беше уметник со вистинска дарба
О’Конор потврди дека сè уште може да пишува и компонира со албумот I’m Not Bossy, I’m the Boss, објавен во 2014 година.
На насловната страница на албумот е Шинејд во црна перика, облечена во тесен црн фустан и држи гитара.
Но, таа сè уште беше психички нестабилна.
Пејачката рече дека била „ужасно погодена“ од интервјуто на BBC Radio 4, кое се занимавало со нејзините проблеми со менталното здравје, како и медиумското покривање на нејзината состојба.
Таа доживеа нова трагедија во јануари 2022 година, кога нејзиниот 17-годишен син изврши самоубиство.
По неговата смрт, музичарката објави низа вознемирувачки пораки на Твитер.
Шинејд О’Конор беше скапоцен талент за кој музиката беше начин да се справи со нејзините внатрешни демони
Таа беше контрадикторна на многу начини.
Таа секогаш одбиваше да ги поддржува официјално прифатените мислења, поради што постигна помал успех отколку што заслужува.
Поради ваквите животни избори, пејачката не се каеше.
„Секогаш велам, ако живееш со ѓаволот, ќе сфатиш дека Бог постои“, знаше да каже таа.