Левски го совлада Шкупи во Скопје со 2:0, во првиот натпревар од второто квалификациско коло во Конференциската лига.
На натпреварот му претходеа бројни инциденти и провокации по социјалните мрежи, а дветмина навивачи на Левски беа уаспсени откако се судрија со полицијата на арената „Тодор Проевски“.
Шкупи имаше голема шанса во раната фаза од натпреварот, но Дуду, откако ја искористи грешката на голманот на Левски го префрли празниот гол.
За разлика од Дуду Велтон не греши во 30.минута кога му донесе предност на Левски. Точка на натпреварот стави Роналдо во 95.минута.
Реваншот во Софија ќе се одигра за една недела.