Бродот „Freemantle Highway“ се уште гори покрај холандскиот брег. Холандската крајбрежна стража веќе втор ден се обидува да го изгасне пожарот и да спречи еколошка катастрофа, но не успеваат бидејќи температурата е толку висока што не можат да пристапат до него.
Неколку од 23-те членови на екипажот беа повредени, а еден морнар загина. По натоварувањето во германското пристаниште Бремерхавен, бродот беше на пат кон египетскиот Порт Саид, а потоа кон Сингапур.
Превезе 2.857 автомобили, меѓу кои значителен број возила се произведени во фабриките на Мерцедес и БМВ.
Според информациите на холандската агенција АНП, се чини дека еден од 25-те електрични автомобили се запалил. Но, официјалната причина за пожарот се уште не е позната.