УЕФА објави дека италијанскиот фудбалски калчолигаш Јувентус е елиминиран од Конференциската лига за новата сезона на евро-сцената, а на местото од „старата дама“ ќе биде вклучена како претставник на Серија А, Фиорентина која изминатат сезона заврши на осмото место.
Италијанскиот клуб покрај исфрлањето од евро-сцената е казнет и со 20 милиони евра, од кои 10 милиони евра се услови. Казната ќе биде применете ако клупските финансии за 2023, 2024 и 2025 година не бидат во рамките на финансиските регулативи на УЕФА.
Јувентус во Серија А изминатат сезона ја заврши како седмопласирана екипа, откако му беа одземени шест бода поради финансиски прекршоци. На теренот најтрофејниот италијански клуб се зацврсти на третата позиција, место кое ќе го однесеше во Лигата на шампионите.
Треба да се нагласи дека актуелниот англиски и европскиот првак Манчестер сити, не е казнет поради кршење на финансискиот фер-плеј со забрана за учество на натпревари под капата на УЕФА, туку само финансиски.
Јувентус во официјалното соопштение соопшти дека сепак ги смета обвинувањата на УЕФА за лажни, но дека нема да се жали на одлуката. Практично, ваквата одлука е своевидна спогодба со европската куќа на фудбалот, која гарантира дека италијанскиот гигант ќе може да настапува во Европа почнувајќи од сезоната 2024/2025.