Раководството на Брајтон одби уште една понуда од Челзи за играчот од средниот ред Моизес Каиседо.
Англиските медиуми пренесуваат дека клубот од Лондон понудил 93 милиони евра. Брајтон преку електронска пошта го известил Челси дека не ја прифаќа понудата.
Ова беше четврти пат летово клубот од „Стемфорд Бриџ“ да достави понуда за Каиседо
до Брајтон.
Првата изнесуваше 70 милиони евра, а потоа беа одбиени и понудите од 76 и 82 милиони евра.
Желбата на Брајтон е по секоја цена да го задржи 21. годишниот фудбалер кој одигра одлично минатата сезона.
Инаку, Каиседо сака да го напушти Брајтон, но тоа ќе се случи само доколку Челси ја активира клаузулата која изнесува 116 милиони евра.
Се очекува двете страни да ги продолжат преговорите во наредните денови.