Доколку сте на одмор на море во Црна Гора или Албанија, или можеби во некоја бања или на планина во Србија, Босна и Херцеговина или Косово, или само транзитирате низ овие земји, слободно можете да го користете телефонот без страв дека сметката ќе ви биде огромна.
Со воведената регулатива за роаминг во земјите од Западен Балкан од јули 2021 година, корисниците на мобилни услуги на било кој оператор можат да користат роаминг под посебни повластени услови, во согласност со спогодбата потпишана помеѓу Србија, Албанија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина.
Односно, кога станува збор за разговори и СМС пораки, тие се наплаќаат како корисникот да не ја напуштил Македонија, но користењето на интернет е ограничено. Секој оператор одредува колку гигабајти може да се користат во регионот без дополнителни трошоци.
Едноставно кажано – таа сума зависи од тарифниот пакет што го има корисникот, односно нема единствена квота, туку се разликува од пакет до пакет, па затоа е најдобро секој корисник да се распраша кај својот оператор колкава е таа квота, во зависност од пактот кој го има.
По искористувањето на бесплатниот национален сообраќај, наплатата се врши под истите услови како и во домашниот сообраќај.
Оваа роаминг понуда инаку важи само кога корисникот престојува во некоја од земјите од Западен Балкан. Доколку пак, корисникот се наоѓа во Македонија и прави повик или праќа SMS-порака кон број од земјите од Западен Балкан, за истите важат цените за меѓународни повици/SMS. (З.П.)