Генералот Абдурахман Чиани се прогласи за нов лидер на Нигер

Генералот Абдурахман Чиани објави на националната телевизија на Нигер дека е новиот шеф на Националниот совет за зачувување на татковината – хунтата, што го собори претседателот на Нигер, Мохамед Базум.

Генералот Чиани досега беше началник на претседателската гарда. Тој денеска го оправда воениот удар извршен во Нигер со влошување на безбедносната ситуација во земјата, каде дејствуваат џихадистички групи.

Чиани додаде дека за време на владеењето на Базум се зборувало дека во земјата се е во ред, но всушност суровата реалност била сосема поинаква. „Во Нигер има смрт, има луѓе принудени да ги напуштат домовите поради џихадистичко насилство, има понижување и гнев“, додаде генералот.

Според него, пристапот усвоен од претходните власти за обезбедување безбедност во Нигер не дозволи земјата да стане побезбедна и покрај тешките жртви на Нигерците и поддршката од надворешните партнери на земјата.

Соборениот шеф на државата е задржан од средата наутро во претседателската палата. Таму тој се наоѓа во неговата приватна резиденција. 

Треба да знаете
Последни објави