Жителите на Слупчане се договорија со ЕВН – добија струја, ќе дозволат реконструкција

Постигнат е договор меѓу мештаните на Слупчане и ЕВН, а гаранции се дадени и од локалната власт и од страна на сите политички партии. Наредната недела ќе се одржи состанок во општина Липково на кој ќе се договорат сите детали за организацијата и за реализацијата на реконструкцијата.

Од ЕВН најавија дека нивните екипи ќе започнат да работат на реконструкцијата на мрежата во Слупчане на 9ти август, а во целата ситуација интервенција ќе има и од министерот за економија Крешник Бектеши.

Сепак, жителите на Слупчане велат, прво разговори и потпишување на меморандум, па потоа работа на терен. Демантираат дека оштетиле трафостаница и дека барале лимитирани сметки за струја, а ваквите наводи ги сметаат за провокација од страна на директорот на КЕЦ Куманово.

За разлика од вчерашните тензии, денеска во дворот на ЕВН во Куманово е мирно, вработените кои ја напуштија зградата од безбедносни причини, денеска повторно се вратија на своите работни места.

Треба да знаете
Последни објави