Рекетот со кој Новак Ѓоковиќ го освои првиот Вимблдон во кариерата, во 2011 година, ќе се најде на аукција. Се предвидува дека рекетот на Ѓоковиќ ќе достигне цена од најмалку 20.000 евра.
Аукцијата е закажана за 5 и 6. септември во Велингборо, град во централна Англија во близина на Нортхемптон, во аукциска куќа специјализирана за продажба на спортски сувенири.
Освојуваќот на најмногу Грен слем трофеи во историјата на 3 јули 2011 година во Лондон го победи Рафаел Надал со 6:4, 6:1, 1:6, 6:3 и го фрли шампионскиот рекет на трибините.
Таму го фатила Коредила Мекензи која го чувала сите овие години и сега решила да го продаде на аукција.
„Билетите за Вимблдон таа година ги добив на лотарија, а потоа по финалниот меч дома се вратив со рекетот со кој Новак Ѓоковиќ го освои турнирот. Беше навистина фантастично“, изјави Мекензи за британските медиуми.
Аукциската куќа која ќе го пушти во продажба рекетот соопшти дека тој е одлично сочуван и дека претставува одлична можност за колекционерите да добијат многу вреден реквизит, чија цена со текот на времето ќе се зголемува.
По 2011 година Ѓоковиќ освои уште шест титули на Вимблдон, а годинава во големото финале беше поразен од шпанскиот тенисер Карлос Алкараз.