Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, заедно со директорот на ЈП Водовод и канализација Драган Илиевски, извршија увид во отпочнувањето на градежните работи за изградба на фекален колектор од населбата Гази Баба во Чаир до натпатникот кај клучката Континентал, по крак на Александар Македонски.
Со реализација на овој проект најавуван уште во 2015 година, трајно се решава пренасочување на секундарната фекална канализација од атмосферскиот колектор и одведување на отпадните фекални води од улицата „155″, месните заедници „Томе Стефановски Сениќ” и „Бајрам Шабани”. Проектот се реализира во рамки на стратегијата за подобрување на условите на инфраструктурата во сите градски населби и како исполнување на ветениот проект од програмата За модерно Скопје, за сите негови граѓани.