Денеска министерот за правда, Кренар Лога престојуваше во Валандово и Гевгелија, каде што заедно со претставници на Советот на Европа ја започна промотивната кампања за бесплатна правна помош.
Градоначалниикот на Валандово, г.Перо Костадинов, при причекот во неговите канцеларии изрази поддршка за промотивните активности за запознавање на граѓаните со можностите за користење на бесплатната правна помош. На средбата, Градоначалникот изрази подготвеност за поддршка на примената на Законот за бесплатна правна помош и воедно информираше дека Општина Валандово минатата година има склучено Меморандум за соработка со правната клиника во рамки на Универзитетот “Гоце Делчев” Штип.
Целта на оваа кампања е да им се дадат детални информации на граѓаните за тоа каде и како можат да најдат бесплатна правна помош и кои институции/организации ја даваат истата. За време на промоцијата разговаравме со граѓаните, кои имаа можност да постават прашања и да добијат лесно разбирливи информативни материјали за конкретни теми за кои може да се побара и добие бесплатна правна помош, вклучувајќи семејно насилство, имотни прашања, дискриминација и социјална заштита и други сфери.
Со цел да се информираат граѓаните за бесплатната правна помош како и да се обезбеди подобра искористеност и пристап до овие услуги, денеска министерот за правда Кренар Лога учествуваше во јавната промоција на оваа помош во Гевгелија.
Со градоначалникот на Гевгелија, г. Андон Сарамандов, разговаравме за важната улога на локалната власт во постигнување на нашите заеднички цели, како што е соработката во спроведувањето на безплатната правна помош и потребите на општината за поддршка од Министерството за правда, со едиствена цел успешно служење на граѓаните, исполнување на нивните потреби и нашите обврски.