Две лица загинаа во судир на два авиони во Австралија.
Полицијата во државата Квинсленд објави дека службите за итни случаи биле повикани на аеродромот Кабултур, во близина на градот Бризбејн, кога било пријавено дека два мали авиони се судриле во близина на земјата.
„Во судирот загинаа две лица кои патувале во истиот авион“, се вели во соопштението. Пилотот на другиот авион, кој бил сам, не е тешко повреден.
Австралиското биро за безбедност на транспортот (АТСБ) ќе ги испита причините за несреќата.