Повратникот во македонското прволигашко друштво, трофејниот Вардар од Скопје доживеа минимален пораз на последниот котролен натпревар одигран на подготвките на Златибор. „Црвено-црните“ се поразени од српскиот прволигаш Дубочица од Лесковац (1:0). На претходните контролни мечеви на Златибор, Вардар ги победи Смедерево 1924 (1:0) и Бокељ (2:1), а ремизираа со Металац (1:1).
Вечерва Вардар се враќа во Скопје каде ќе ги продолжи подготовките за стартот на новата сезона во ПМФЛ. Во првото коло кое е на програмата е на 6. август Вардар гостуваат кај Брера Струмица.