Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси ја повика Русија на самитот да го оживее Црноморскиот договор за жито од кој Русија се повлече минатата недела, што и овозможи на Украина да извезува жито од нејзините поморски пристаништа и покрај војната.
Сиси рече дека е „суштинско е да се постигне договор“ за обновување на договорот. ретседателот Владимир Путин го повтори ставот на Русија дека земјата е подготвена за преговори со Украина, но тврди дека Киев тоа го одбива, пишува Гардијан.Путин одговори на коментарите на претседателот на Комисијата на Африканската унија, Муса Факи Махамат, кој на самитот Русија-Африка во Санкт Петербург рече дека АУ придава големо значење на интегритетот и суверенитетот на државите, како и на мирот решавање на кризите преку компромис.
Киев изјави дека не е подготвен да влезе во преговори со Москва, додека Русија, која започна целосна инвазија пред 17 месеци, држи петтина од територијата на Украина.
Русија постојано инсистира на тоа дека сите преговори мора да ги земат предвид овие „нови реалности“.