Концесијата за експлоатација во Иловица ја одобрува Владата на ВМРО-ДПМНЕ во 2015 година

Барањето за експлоатација на рудникот во Иловица, што се случува во 2011 година, кога на власт е ВМРО-ДПМНЕ, пишува градска.мк. Тогаш, Министерството за економија ги побарало потребните позитивни мислења за отворање на рудниците. Во име на Министерството за животна средина позитивно одговорил Филип Иванов, тогаш директор на Упрвата за животна средина. Бидејќи било неопходно и мислење од Министерството за култура, односно Управата за заштита на културно наследство, позитивно мислење потпишал и Паско Кузман. За барањето за експлоатација двапати позитивно се изјаснил и министерот за земјоделие Љупчо Димоски, еднаш за шумите еднаш за земјоделското земјиште. Позитивно мислење дал и Миле Јанакиески како министер за транспорт и врски, а позитивно се изјасниле и од Општина Босилово, каде градоначалник бил Љупчо Колев и претседател на совет Никола Милчев, исто од ВМРО-ДПМНЕ.
По добиените позитивни мислења од сите институции на седница на Владата, која ја преводел поранешниот вицепремиер Зоран Ставрески била донесена одлука за концесија за експлоатација, а по објавената одлука бил потпишан и договор со концесионерот за концесија за експлоатација на Иловица.

По носењето одлука за првата концесија, Владата тогаш објавила јавен повик и за втората концесија. За да го објави повикот за геолошки истражувања за втората, поголема концесија, Министерството за економија обезбедило позитивни мислења од Министерството за животна средина, Министерството за култура, Министерството за земјоделие, Министерството за транспорт и врски, водостопанство и од општините. На позитивните мислења од овие институции се потпишале тогашните нивни директори и министри – Паско Кузман како директор на Упрвата за заштита на културно наследство, Филип Иванов, директор на Упрвата за животна средина, заменик-министерот за транспорт и врски Горан Михајловски, министерот за земјоделие Љупчо Димовски и директорот на Упрвата за водостопанство Методија Томески.
На наддавањето за концесијата победила истата компанија „Фелпс доџ“, а Владата со потпис на Зоран Ставрески им одобрила да вршат геолошки истражувања и за втората концесија, односно на целиот регион.

Во втората фаза, односно за барањето за експлоатација за ова втора концесија, позитивни мислења потпишале тогашниот министер за земјоделие Михаил Цветков, министерот за животна средина Нурхан Изаири, радоначалниците на Босилово и Ново Село, Љупчо Колев и Блажо Велков, тогашниот министер за транспорт и врски Владо Мисајловски, директорот на Упрвата за заштита на културно наследство Виктор Адамс и в.д. директорот на Заводот и Музеј – Струмица, Зоран Рујак.

Концесијата за експлоатација е одобрена од Владата на само два дена пред нова година во 2015 година и е потпишана од страна на Никола Груевски. Договорот за експлоатација го потпишал тогашниот министер за економија Беким Незири.

Треба да знаете
Последни објави