Продолжен притворот на таткото на Коста К.

За нови три месеци е продолжен притворот на Владимир К., таткото на Коста К., кој изврши масовно убиство во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград.

На обвинетиот му е продолжен притворот од законски причини пропишани со одредбите од Законот за кривичната постапка, односно поради постоење посебни околности што укажуваат дека обвинетиот во случај да биде пуштен на слобода ќе го повтори кривичното дело во краток рок, како и со оглед дека обвинетиот е основано осомничен дека сторил кривично дело за кое е пропишана казна затвор над десет години, а начинот на извршување и сериозноста на последиците од кривичното дело доведоа до вознемиреност во јавноста кои би можеле да го загрозат непреченото и правично водење на кривичната постапка.

Пријавениот се товари за сторено тешко кривично дело против општата сигурност.

Треба да знаете
Последни објави