Властите во Истанбул побараа нерегистрираните Сиријци да го напуштат за два месеци

 Општина Истанбул им даде на нерегистрираните сириски бегалци кои живеат во градот рок помалку од два месеци да се вратат во областите каде што првично биле регистрирани, соопшти службата на својата официјална страница, јави ДПА.

Слична кампања во 2019 година доведе до протерување на илјадници Сиријци од Истанбул, најголемата турска метропола, потсетува агенцијата.

Сириските државјани кои првично биле регистрирани во други турски окрузи имаат рок до 24 септември да се вратат таму, соопштија градските власти. Ова не ги опфаќа Сиријците кои се преселиле во Истанбул со патни дозволи по разорните земјотреси во југоисточна Турција во февруари, се наведува во соопштението.

Локалните власти постојано ги предупредуваа нерегистрираните лица во Истанбул да си заминат, а сега одлучија да го забрзаат тој процес, изјави претставник на Турската миграциска служба.

Во Турција има 3,3 милиони сириски бегалци под привремена заштита, а најголем број се во финансискиот главен град Истанбул.

Треба да знаете
Последни објави