Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави видео на Твитер на кое наводно се гледа друга зграда во Днепар која синоќа била погодена со проектили.
Зеленски тврди дека бил нападнат објектот на Службата за безбедност на Украина.
„Повторно руски ракетен терор. Ќе направиме се за да ја доведеме Русија до целосна казна за агресијата и теророт врз нашиот народ“, рече тој.