Крадец на велосипеди од Скопје нападнал полицаец и со штрафцигер се заканувал дека ќе се самоповреди

Драма се одвивала во полициската станива во Кисела Вода, кога полицијата повикала на службен разговор крадец на велосипеди.

Станува збор за Ф.М.(32) од Скопје, кој бил викнат поради сомневање дека во средата и четвртокот извршил две кривични дела – тешка кражба и кражба на велосипеди на подрачјето Кисела Вода и Аеродром.

Скопјанецот ги признал делата  и начинот на кој ги извршил, а одземените предмети биле вратени на сопствениците.

„При извршување на службен разговор Ф.М. со штрафцигер се заканувал дека ќе се самоповреди, но бил спречен од полициски службеници, а притоа Ф.М. нападнал полициски службеник“, велат од МВР.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Треба да знаете
Последни објави