Кога имала 20 години, Австралијанката Маргот Роби, ѕвездата на „Барби“, се преселила во Америка за да продолжи со холивудската кариера.
На почетокот ѝ било тешко, добивала мали улоги, а мајка ѝ Сари Кеслер зела кредит и ја ставила куќата под хипотека за да ѝ помогне финансиски.
По филмот „Вистински момент“, Маргот во 2013 година доби улога во „Волкот од Волстрит“ на Мартин Скорсезе. За тој филм добила голем хонорар и првото нешто што го направила со заработените пари е да го исплати целиот износ на заемот на својата мајка.
„Таа ја стави куќата под хипотека, ми позајми пари, а јас секогаш знаев дека морам да ѝ ги вратам тие пари.
„Дента кога заработив доволно пари за целосно да го отплатам долгот, ѝ реков: мамо, не треба повеќе да се грижиш за кредитот. Го нема“, рече Маргот во една пригода и додаде: Искрено, секој на мое место би го направил тоа за својата мајка“.
Мајката откри дека Маргот сакала да биде актерка од 12-годишна возраст. „Мислев дека е тешко да се биде актер и да се заработат добри пари. Бев загрижена дека сака да тргне по пат, кој, според мене, нема многу голема иднина.
„А сега Маргот ми вели: требаше да имаш повеќе верба во она што можам да го постигнам“, изјави Кеслер во интервју за „Вог Австралија“ пред неколку години.
„Апсолутно сум благословена што е во ситуација да го сака она што го работи, што е независна и што основа своја компанија“.