Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски се избори за своето петто финале оваа година, откако попладнево на фјучерс турнирот во австрискиот град Крамсах го победи во полуфиналето Матис Ерар од Франција со 2-1 во сетови (4-6, 6-2, 6-2).
Ивановски е втор носител на турнирот, а за триумф над четвртиот носител Ерар му беа потребни 2 часа и 15 минути.
Ова е трето финале на Ивановски на турнири од овој ранг со награден фонд од 25.000 долари, по триумфот во Скопје и поразот во Куршумлиска бања.
Во финалето противник на Ивановски ќе му биде јужнокорејскиот тенисер Жерар Кампана Ли (Кореа), кој во полуфиналето со 2-0 во сетови го совлада првиот носител Оливер Крафорд од САД.