Трипуновски: Недозволиво е околу 1.000 хектари во светиниколско да бидат без наводнување во услови кога АД Водостопанство ја зголеми цената

Денеска сум на протестот кој го организираат земјоделците од Свети Николе за да им дадам поддршка во нивните барања.

Земјоделците протестираат заради немањето вода за наводнување на околу 1000 хектари земјоделско земјиште во ситуација која браната Калиманци е полна до преливање. Дополнителен причинител за протестот е и тоа што АД Водостопанство ќе им ја зголеми цената на водата за наводнување за над 70%, а водата не стига до земјоделците на полето.

Ова е само уште еден доказ за негрижата на Владата и МЗШВ за македонските земјоделци!

Треба да знаете
Последни објави