Ватерполо репрезентацијата на Унгарија ја освои титулата на Светското првенство во Фукуока. Во драматичното финале, Унгарците ја победија Грција по изведувањето пенали. Во регуларниот дел натпреварот заврши 10:10 (2:4, 2:1, 3:2, 3:3), по серијата од седум пенали Унгарија славеше со 4:3.
Унгарија четврти пат во својата историјата ја освои светската титула. До неа дојде благодарение на апсолутниот херој голманот Вогел. Унгарскиот голман во пенал серијата одбрани четири удари на грчките репрезентативци.
Унгарија постојано беше во водство во текот на целото финале кое го доби во првиот дел добивајќи го со 4:2.
„Хелените“ не се предадоа и успеаја да ја стигнат негативата, а во последниот дел да ја испратат играта гол за гол со Унгарците. Веројатно клучниот момент на мечот се случи во последната минута од третиот период, кога Грција по тајм-аутот, со играч повеќе не успеа да се одлепи на 7:5. Казната дојде во последните секунди од четвртината кога Мархерц израмни на 6:6.
На крајот од натпреварот и двете репрезентации имаа напад за победа, но не постигнаа гол драмата беше решена во шеснаесетникот.
Бронзениот медал во Фукуока со победата од 9:6 против Србија го освои Шпанија.