Поради поседување кокаин, лишени се од слобода крушевчанец и скопјанец во два одделни случаи.
На 29.07.2023 во 00.50 часот, кај Спортско рекреативниот центар „Билјанини извори” во Охрид, од слобода е лишен С.А.(20) од Скопје. При извршен преглед, полициските службеници кај него, пронашле и одзеле кокаин, додека во неговото возило „алфа ромео” со скопски регистарски ознаки, пронајдена е марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 28.07.2023 во 22.50 часот, кај Спортско рекреативниот центар „Билјанини извори” во Охрид, лишен од слобода е А.Д.(27) од крушевското село Борина. При извршен преглед, полициските службеници кај него пронашле и одзеле марихуана и кокаин. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.