Двата коња кои вчера угинаа во скопската Зоолошка градина биле донесени од Национален парк од Австрија. Истите се од видот Пржевалскиев коњ, што важи за многу ретка и скапа раса која што потекнува од Монголија. Оваа раса до неодамна важеле за изумрен вид во дивината и нивната вредност е голема.
Смртта на животните во полицијата ја пријавил вработен во ЗОО Скопје, кој се сомневал дека биле отруени. Сепак, се’ уште нема официјална потврда за причинта за смртта, а таа ќе биде позната по обукцијата на животните.
МВР работи на расчистување на случајот.