Барселона понуди на ПСЖ размена за Мбапе и си постигна „автогол“

Актуелниот шпанбски фудбалски првак Барселона направи обид да го добие потписот на францускиот репрезентативец Килијан Мбапе од ПСЖ. Ваквиот излет на Барса наместо го полн погодок резултирал со „автогол“. Барселона која за да дојде до потписот на Мбапе во замена понудила двајца свои играчи. Со овој потег ги растури односите со еден од своите напаѓачи Усман Дембеле кој наскоро ќе се пресели во Париз.

Одлуката на Дембеле да ја напушти Барселона се забрзала, откако неговите претставници дознале дека каталонската екипа го понудила, заедно со Гави, во замена за Мбапе од ПСЖ.

ПСЖ веќе се договори со Дембеле и ќе плати 50 милиони евра колку што изнесуваше откупната клаузула во неговиот договор, а Барселона ќе остане без Мбапе и ќе мора да се задоволи само со паричната понуда.

Треба да знаете
Последни објави