Блеска новото лого на „Твитер“ на зградата во Сан Франциско, соседите се жалат дека им пречи

Блеска новото лого на Твитер, „Х“ на зградата во Сан Франциско, од каде што милијардерот Илон Маск планира да ја води компанијата. Луѓето кои живеат во близина се пожалија на „Си-Би-Ес“ дека се загрижени поради интензивното светло на зградата.

Во петокот, компанијата постави лого „X“ на покривот на седиштето на улицата „Маркет Стрит“. Соседите се пожалија до Одделот за градежна инспекција во Сан Франциско, од каде рекоа дека ќе се спроведе истрага.

За време на викендот, соседите снимија видео од џиновското лого кое свети и трепка. Патриша Валинга, која живее наспроти, изјави за Си-Би-Ес дека тоа е „шоу на кловн“.

Адвокатот Џорџ Волф  истакна дека жителите имаат право да го кажат своето мислење во врска со осветленото лого, па дури и да одбијат да го имаат во нивната населба.

Еден корисник на Твитер објави видео од знакот кој трепка и напиша дека е спроти неговата спална соба.

Градежните инспектори од Сан Франциско рекоа дека тоа можеби е во спротивност со правилата.  Претставник на фирмата рекол дека трепкачкото лого е привремено поставено на зградата.

Треба да знаете
Последни објави