Британскиот медиум „Гардијан“ во рубриката фотографии на денот, во која се селектирани фотографии од целиот свет, објави фотографија од фестивалот на народни игри и песни „Илинденски денови“ кој деновиве се одржува во Битола.
Автор на фотографијата е фотограферот Огнен Теофиловски (Ognen Teofilovski/Reuters) кој фотографирал детал од подготовките пред настап на фестивалската сцена во Битола на членови од ансамблот Ballet Folklorico De Temuco од Чиле.
-Гостите од Чиле прв пат престојуваат во Битола, а на големиот македонски културен настан учествуваат на покана на НУ Центар за култура и канцеларијата на ЦИОФФ во Северна Македонија, изјави за МИА Марсело Алварадо, директор на фолклорната група од чилеанскиот град Темуко.
Најновото 53. издание на фестивалот на народни игри и песни „Илинденски денови“ завршува вечер со доделување на признанија и награди за најдобрите учесници и ревијален настап на гостите од странство.