ИД презеде одговорност за самоубиствениот напад во Пакистан

 Исламска држава денеска презеде одговорноста за вчерашниот самоубиствениот бомбашки напад на политички митинг во Бајаур, при што загинаа 54, а 200 луѓе се повредени, од кои 14 се во тешка здравствена состојба.

Пакистанската полиција претходно соопшти дека првичната истрага покажала дека регионална фракција Исламска држава во Курасан (ИСИК), е одговорна за нападот на изборниот митинг на антиталибанската исламска партија Џамијат Улема, која ја предводи тврдокорниот свештеник и политичар Фазлур Реман.

Нападот се случи во пакистанската северозападна провинција Хајбер Пахтунхва, планинска област во близина на границата со Авганистан, која некогаш била под контрола на пакистанските талибанци.

ИСИК е активна и во Авганистан и во Пакистан од 2015 година и стои зад неколку смртоносни напади.

Треба да знаете
Последни објави