НБРМ : Раст на каматите во јуни, просечната каматна стапка на депозити 1,40%, на кредитите 5,12%

Во јуни 2023 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити забележа месечен раст од 0,03 п.п. и изнесува 5,12%. На годишна основа, оваа каматна стапка е зголемена за 0,85 п.п, објави Народната банка во извештајот за Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците. Притоа кај корпоративниот сектор е забележан месечен раст од 0,05 п.п. и просечната камата изнесува 4,86%. На годишно ниво, оваа каматна стапка е зголемена за 1,42 п.п. Во јуни, каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата оствари минимален месечен раст од 0,01 п.п. и изнесува 5,35%.

Кај депозитите,пак,  просечната каматна стапка изнесува 1,40% и е повисока за 0,18 п.п. и 0,73 п.п. на месечно и на годишно ниво, соодветно. Во јуни, просечната каматна стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор е зголемена за 0,07 п.п. на месечно ниво и изнесува 1,99%. Каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата, овој месец, изнесува 1,34% што претставува месечен раст од 0,19 п.п.

Треба да знаете
Последни објави