Преживеани или сведоци на турските воздушни напади врз цивилната болница во Ирак поднесоа тужба до Советот за човекови права на ОН

Турските воздушни напади, кои, наводно, биле насочени кон цивилна болница во Ирак и убиле осум лица, биле предмет на формална тужба до Советот за човекови права на ОН.

Тоа е прв случај што е покренат поради турските воздушни напади врз народот Јазид во Ирак.

Во нападот извршен на 17 август 2021 година, уништена е клиниката „Шикенија“ во Синџар, осум лица загинаа, а повеќе од 20 се повредени, пишува лондонски „Гардијан“.

Четворица подносители на тужбата, преживеани или сведоци на воздушните напади, велат дека е прекршено нивното основно право на живот загарантирано со меѓународното право и членот 6 од Меѓународниот договор за граѓански и политички права.

Подносителите на барањето наведуваат дека Турција не го истражила убиството на цивилите во воздушните напади и не им обезбедила на жртвите ефикасни правни лекови, што претставува кршење на нивните права за брза, независна и ефикасна истрага, што е предвидено во Меѓународниот договор за граѓански и политички права.

Жалбата е поднесена на крајот на минатата недела, а беа потребни две години да се подготви и да се стави на дневен ред.

Треба да знаете
Последни објави