Чествување на 2 Август, Денот на Републиката

Под слоганот „120 години Илинден – Огниште на татковината”, годинава, се одбележува 2-ри Август- Денот на Републиката – Илинден. Во таа чест, делегации на Владата на Република Северна Македонија, на Собранието на Република Северна Македонија и на Претседателот на Република Северна Македонија ќе го чествуваат празникот преку голем број свечености.

На 1-ви август во Крушево, традиционално, во организација на НКС „Десет дена Крушевска Република” се отвора истоимената манифестација која ги претставува културата, традицијата и историјата на Крушево, пред нашите граѓани. На отворањето на НКС „Десет дена Крушевска Република” ќе присуствува и ќе се обрати и претседателот на Владата, Димитар Ковачевски.

Toj претходно ќе се обрати на свечена манифестација на Тврдината Кале во Скопје, а високи владини делегации ќе положат цвеќе на повеќе локации во градот.

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, предводејќи висока државна делегација со државни почести и чествувања ќе го одбележи големиот национален празник Илинден во Крушево.

Претседателот на државата Стево Пендаровски, по повод одбележувањето на 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, на 2 август 2023 година, ќе се обрати пред Меморијалниот центар АСНОМ, во Пелинце.

Во чест на Првото заседание на Антифашистичкото Собрание на Народното ослободување на Македонија – АСНОМ, пред споменикот на АСНОМ, ќе биде положено свежо цвеќе, по што претседателот Пендаровски, ќе се обрати и следува организирана културно-уметничка програма.

Треба да знаете
Последни објави