Мадона им се заблагодари на семејството и пријателите за поддршката откако беше хоспитализирана минатиот месец поради сериозна бактериска инфекција.
Поп кралицата (64) се огласи на социјалните мрежи за да каже дека дека има среќа што е жива.
Претходно овој месец откри дека е на пат кон целосно закрепнување откако помина неколку дена на интензивна нега.
Таа требаше да започне седуммесечна светска турнеја, но мораше да ја одложи.
„Љубовта кон семејството и пријателите е најдобриот лек,“ напиша таа на „Инстаграм“ во неделата, додавајќи дека грижата на нејзините деца е она што било важно.
„Како мајка многу често сте преокупирани со потребите на вашите деца и, навидум бескрајното давање. Но, кога работите беа лоши, моите деца беа тука за мене.“
„Видов нивна страна која никогаш порано не сум ја видела“.
Објавата вклучува фотографија на која го гушка синот Дејвид и друга на која позира покрај нејзината ќерка Лурд.
Мадона продолжи да им се заблагодарува на своите пријатели за нивната љубов и поддршка.
„Им благодарам на сите мои ангели кои ме штитеа и ми овозможија да останам и да си ја завршам својата работа.“