Портпаролот на Белата куќа Џон Кирби изјави дека нема индикации дека Русија стои зад пучот во Нигер и додаде дека САД не ја промениле одлуката за своето присуство во оваа западноафриканска земја.
– Американската влада се уште не одлучила дали ќе продолжи да дава помош за Нигер, изјави Кирби за новинарите.
Тој ја коментираше и ситуацијата на белоруско-полската граница, посочувајќи дека Вашингтон нема податоци за конкретна закана за Полска или други земји-членки на НАТО од руската приватна воена компанија „Вагнер“. Кирби додаде дека САД внимателно ја следат ситуацијата.
Варшава распореди повеќе од 1.000 воен персонал на својата источна граница откако платениците на Евгениј Пригожин почнаа да ги обучуваат белоруските специјални сили на само неколку километри од полска територија.