Во Србија загина момче од струен удар

Дете на 13-годишна возраст во понеделникот, околу 23 часот починало на улицата Доситеева во Бачка Паланка, пренесуваат медиумите во Србија.

Како што пишува порталот „Бачка Паланка вести“, се се случило на бројот 29, во куќа во која никој не живеел.

На куќата виселе тековни електрични кабли и детето се фатило за нив.

Брзата помош добила повик во 23 часот и 12 минути, а на терен излегле во 23 часот и 15 минути. Бидејќи се било во напон, повикани биле и пожарникарите и ја исклучиле струјата за да му пријдат на момчето.

Лекарите се обиделе со реанимација, но безуспешно, пишуваат медиумите.

Треба да знаете
Последни објави