Наташа, која се породи на планина во Хрватска, призна дека знаела дека е бремена: „Дојде на одмор со новото момче кое не е татко на бебето“

Хрватската планинска спасувачка служба во саботата и помогна на странска туристка да се породи во објектот Лугарница во Националниот парк Пакленица во Хрватска. До денес се веруваше дека таа не знаела за бременоста бидејќи самата туристка така изјавила, но изгледа вистината е поинаква, пишуваат хрватските медиуми.

Откако се породила, 22-годишната Наташа од Луксембург со детето била префрлена во Општата болница Задар, од која на нејзино барање во неделата била отпуштена.

Иако мајката била отпуштена во неделата, таа во понеделникот и денеска го посетила детето кое е во добра здравствена состојба во придружба на нејзината мајка и семеен пријател. Детето треба да биде отпуштено од болница во текот на денот или најдоцна утре, а потоа Наташа и нејзината мајка ќе се упатат кон Луксембург.

Од болницата раскажале дека 22-годишната мајка сепак им признала дека знаела за бременоста.

„Бевме изненадени од изјавата дека таа не знаела за бременоста. На крајот таа ни кажа дека знаела, а на социјалните мрежи има многу слики на кои може да се види како се облекува за да ги скрие видливите знаци на бременост. Не сме тука да даваме оценки. Мајката во добра форма. Бебето е добро, направени се сите тестови, но ќе остане кај нас два дена и тоа не е ништо за грижа“, велат од болницата.

Пријател на нејзиниот татко Борис, со кој одморала во Карина, недалеку од Обровац, на новинарите им кажала дека неодамна раскинала со момчето со кое забременила и дека дошла на одмор со новото момче и родила бебе во ВЦ во националниот парк Пакленица.

Очигледно бременоста ја криела и од семејството.

„Сите сме уште во шок, но најважно е дека се заврши добро, дека малата е добро. За се друго ќе се реши. Семејството го познавам со години, со таткото на Наташа работевме заедно во Луксембург и ова е првпат да ја посетат Хрватска. Тие се големи обожаватели на Винету и затоа организиравме патување до Велебит. Никој од нас, ниту во најлудите соништа, не можеше да замисли дека ќе се случи тоа што се случи, дека ќе се вратиме со дете. Луѓето не прашуваат зошто однесовме трудница на планина. Па, никој од нас не знаеше дека е бремена, разберете, ситуацијата беше шокантна за сите. Посебно за нејзините родители и нејзиното сегашно момче со кое е во врска неколку месеци“, изјави Борис.

Треба да знаете
Последни објави