Бразилскиот претседател: Ниту Путин, ниту Зеленски не се подготвени за мир

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва изјави дека неговата земја работи за мир во Украина, но дека ниту украинскиот претседател Володимир Зеленски, ниту шефот на руската држава не се подготвени да зборуваат за мир, пренесува Ројтерс.

„Ниту Путин, ниту Зеленски не се подготвени за мир“, им рече Лула на странските дописници на прес-конференција, додавајќи дека мировните предлози што тој ги бара со другите неутрални земји ќе бидат готови кога Русија и Украина ќе бидат подготвени да преговараат.

Лула рече дека групата на светски економии во развој БРИКС треба да дозволи пристап до нови членки „се додека тие ги исполнуваат условите“, според Ројтерс, потсетувајќи дека Бразил е главниот противник на проширувањето на асоцијацијата БРИКС.

Треба да знаете
Последни објави