Белградскиот сплав „Фристајлер“, кој потона на новогодишната ноќ, по повеќе од половина година не е извлечен од реката.
„На влезот на сплавот има неколку шишиња, на шеталиштето има метални огради, метални гардероби и неколку фрижидери, а зад сплавот се уште има голем кран во водата“, пишува Нова.рс
Луѓето од соседните сплавови велат дека работниците повеќе не се појавуваат и дека доаѓаат само луѓе од обезбедувањето на сплавот, кои им рекле дека не се знае дали и кога ќе се извади сплавот.
Во јануари, по истрагата за потонувањето, основното јавно обвинителство во Белград издаде наредба за извлекување на сплавот од водата.
На почетокот на јули таму загинал еден работник, кој влегол во внатрешноста и врз него паднал фрижидер.