Ракометниот прволигаш Алкалоид ја започна втората фаза од подготовките за претстојната сезона. Тимот на Кирил Лазаров се пресели во Маврово каде ќе се подготвува во наредните десет дена.
Акцент ќе биде ставен на подобрување на физичката подготвеност, а потоа Алкалоид ќе започне и со играње контролни натпревари.
Предвидено е да настапи на турнирот во Струга од 16 до 20 август, а потоа Алкалоид ќе замине на завршни подготовки во Хрватска, каде што ќе одигра серија контролни натпревари.