Топлотен бран во Јужна Кореја, на сила е највисок степен на метео – аларм

Јужна Кореја го подигна на највисоко ниво метео-алармот, за прв пат во последните четири години, бидејќи во некои делови од земјата се забележани рекордни температури од над 38 степени Целзиусови, соопшти денеска јужнокорејското Министерство за внатрешни работи и безбедност. 

Се проценува дека 23 лица ширум земјата починале како последица на високите температури, со што тројно е зголемена минатогодишната рекордна смртност од високите температури во истиот период од годината, јавуваат локалните медиуми повикувајќи се на противпожарната служба.

Според официјалните мерења, највисоката температура, 38,4 степени Целзиусови, е измерена вчера во градот Јеоџу, јужно од Сеул. 

Треба да знаете
Последни објави