Резолуцијата во американскиот Сенат потврдува дека македонскиот јазик и идентитет денес се заштитени и признанени како никогаш претходно 

Најголемиот наш стратешки парнер САД со Предлог Резолуцијата за македонскиот јазик, култура и историја уште еднаш на дело ја покажува својата посветеност во поддршката на нашата држава. 

Резолуцијата во американскиот Сенат да се слават македонскиот јазик, култура и историја е уште една потврда за успешноста на меѓународната политика на СДСМ и признание за конструктивната улога на Македонците во градењето на американското општество.

Претходно, слична Резолуција донесе и германскиот Бундестаг, со што македонскиот јазик, култура и историја добиваат признанија и промоција насекаде низ светот, се вели во писмената реакција на владеачката СДСМ и додаваат:

-Наспроти лагите на ДПМНЕ за наводно загрозување на македонскиот јазик и идентитет,  факт е дека тие денес се заштитени и меѓународно потврдени како никогаш претходно.

СДСМ, како државотворна партија, продолжува да работи на дополнителна меѓународна афирмација на македонскиот јазик, култура и посебност и да ги остварува стратешките цели на државата.

Треба да знаете
Последни објави